Болка во грбот, половината или вратот?

Ако болката во грбот, половината или вратот постојано се враќа, само краткотрајното намалување на болката често не е доволно. Важно е да се процени што го ограничува движењето и што може да придонесува за напнатоста и вкочанетоста.

Како работам

Секој третман го започнувам со краток разговор и функционална проценка. Сакам да разберам каде е проблемот, што го провоцира и како влијае на вашето движење и секојдневие.

Потоа го приспособувам третманот според вашата состојба, со комбинација од медицинска масажа и мануелни техники. По потреба добивате и практични совети и вежби што можете да ги применувате дома

За кого е наменет овој пристап

Овој пристап е наменет за луѓе кои имаат болка, напнатост или вкочанетост во грбот, половината и вратот, ограничено движење или тегоби што повторно се враќаат.

Не работам по принцип „ист третман за секого“. Ако проценам дека третманот не е соодветен за вашата состојба, ќе ви го кажам тоа отворено

Направете го првиот чекор

Ако болката, напнатоста или вкочанетоста ви го ограничуваат движењето и секојдневието, пишете ми накратко што ве мачи. Ќе ви одговорам лично и ќе ви кажам дали третманот е соодветен за вашата состојба

За термин или дополнителни информации, пишете SMS/Viber/WhatsApp  на 077 820 454.

Scroll to Top