Индивидуален пристап според вашата состојба

Секој човек и секој проблем се различни. Затоа третманот го прилагодувам според вашата состојба, симптомите и функционалната проценка. Во зависност од потребата, користам комбинација од медицинска масажа, мануелни техники, вежби и практични совети.
Болка и вкочанетост во грбот, половината и вратот
Третманот е наменет за лица со болка, напнатост, вкочанетост или ограничено движење во грбот, половината и вратот. По кратка функционална проценка, пристапот се прилагодува индивидуално и може да вклучува медицинска масажа, мануелни техники и соодветни вежби.
Третман за ишијас и болка што се шири кон ногата
Кај болка што од половината се шири кон задникот или ногата, прво се прави проценка на движењето и симптомите. Во зависност од состојбата, третманот може да вклучува мануелни техники, работа на мускулната напнатост и соодветни вежби и совети.
Главоболка и напнатост во вратот
Главоболката често може да биде поврзана со напнатост и вкочанетост во мускулите на вратот и рамената. По проценка, третманот се прилагодува според состојбата и може да вклучува медицинска масажа, мануелни техники и совети за вежби и секојдневни навики.
Вртоглавица поврзана со вратот
Кај одредени лица вртоглавицата може да биде поврзана со проблеми и напнатост во вратниот дел. Најпрво се прави проценка, а доколку состојбата е соодветна за третман, може да се применат мануелни техники, мускулна релаксација и соодветни вежби.
Болка и вкочанетост во рамената
Болката и вкочанетоста во рамената може да бидат поврзани со мускулна напнатост, преоптоварување, долготрајно седење или ограничена подвижност. По проценка, третманот се прилагодува според состојбата и може да вклучува медицинска масажа, мануелни техники и соодветни вежби.
Кога е потребна проценка пред третман
Пред секој третман правам кратка функционална проценка за да видам каде е ограничувањето, кои движења предизвикуваат болка и дали третманот е соодветен за вашата состојба. Ако проценам дека третманот не е соодветен, тоа ќе ви го кажам отворено.
Што добивате со третманот
Со третманот добивате индивидуален пристап според вашата состојба, комбинација од медицинска масажа и мануелни техники според потребата, како и практични совети и вежби што можете да ги применувате и дома.
Цена и закажување
Третман 30 минути – 2.000 денари.
Пакет од 3 однапред платени третмани – 4.500 денари.
Работам исклучиво со претходно закажан термин.
Како да закажете термин
За закажување термин, пишете ми порака или јавете се на телефон. Ќе ви одговорам лично и ќе договориме термин според слободните термини.
За термин или дополнителни информации, пишете SMS/Viber/WhatsApp на 077 820 454.